Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Филмски грабеж на златара во центарот на Гостивар

/

пред 372 дена

Сподели преку :

Филмски грабеж вечерва се случувал во Гостивар и тоа во центарот на Гостивар во близина на црквата. Како што пишуваат повеќе медиуми ограбена е златара од страна на неколку вооружени лица со автоматско оружје, калашников.

Вo видеото кое го сподели медиумот „ПаЦензуре“ се гледа моментот на грабежот на златара.

Разбојниците наводно фрлиле бодликави жици на неколку локации во центарот на Гостивар со цел да ја спречат полицијата да ги следи понатаму. Засега нема информации за повредени, ниту пак се слушаат истрели во видеото.

Кружат и информации поткрени со видеа дека џипот со кој разбојнциите избегале од грабажот гори запален на патот Гостивар-Стража.

Т.Д.