Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Голем пожар на периферијата на Струмица – полицијата алармира граѓаните да не одат натаму

/

пред 449 дена

Сподели преку :

Голем пожар изби на периферијата на Струмица помеѓу градските гробишта, новата населба со станбени згради и село Баница. Полицијата алармира граѓаните да не се движат во тој правец, а оние што се таму да се повлечат.

Првиот човек на дирекцијата за спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека на некогашното стрелиште гореле голема количина на автомобилски гуми и дека е отстранета опасноста огнот да зафати некои викенд куќи.

Огнот се проширил на неколку метри од струмичките гробишта, но по брзата интервенција на струмичките пожарникари пожарот е стопиран.