Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Голем пожар во бродоградилиште за нуклеарни подморници во Велика Британија

/

пред 717 дена

Сподели преку :

Во округот Камбри во Англија изби голем пожар во бродоградилиште во кое се произведуваат нуклеарни подморници.

„Скај њуз“ пренесува дека на социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од оган и чад што се надвиваат над бродоградилиштето во градот Бероу ин Фрнс.

Се наведува дека две лица се хоспитализирани. Полицијата од Камбри соопшти дека нема жртви во пожарот што избил ноќеска, околу половина час по полноќ.

Полицијата истакна дека истрагата е во тек, а сите луѓе од бродоградилиштето се евакуирани и оти нема нуклеарна опасност.