Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Граѓаните излегоа на протест да побараат одговорност за смртта на Фросина

/

пред 631 дена

Сподели преку :

Возел пијан, без возачка, поминал на црвено и ја уби 22 годишната Фросина Кулакова студентка по моден дизајн од Неготино. Дваесет годишниот Васил Јованов иако добро им бил познат на органите на прогонот слободно дивеел на скопските улици.

Судот му определи 30 дневен притвор на возачот на „Пежото 207“ кое со огромна брзина, игнорирајќи го црвеното светло на семафотрот директно удри во 22-годишната Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ која во тој момент преминувала прописно на пешачкиот премин кај Силбо.

Група граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикаа на протестен собир на местото каде смртно беше прегазена младата девојка од Неготино.