Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Извлечено бебе во Турција кое три дена беше под урнатини

/

пред 1350 дена

Сподели преку :

Спасувачките екипи во Антакија, Турција, извлекоа бебе кое три беше под урнатини по разорниот земјотресот во понеделникот.

„Станува збор за девојчето Хелен кое беше пронајдено три часа по извлекувањето и на 10-годишниот Мемет“, објави „Скај њуз“.

Бројот на загинати по двата катастрофални земјотреса во Турција и во Сирија, рапидно расте и се стравува дека бројката ќе биде многу поголема од моментните 16.000 смртни случаи, бидејќи изминаа 72 часа кои се сметаат за клучни во спасувачките мисии по такви природни несреќи. Но, спасувачките екипи во Турција и во Сирија не се откажуваат од потрагата по исчезнати лица и покрај неповолните временски услови – врнежи, силен ветар и минусни температури.

Илан Келман, професор од Лондон, појаснува дека повеќе од 90 отсто од луѓето кои ќе ги преживеат последиците од земјотресот, ќе бидат спасени во првите трите дена по потресот. Притоа нагласи оти растот на тој процент ќе зависи, пред сè, од временските услови и степенот на опременост на спасувачките тимови.