Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Mалолетник со скутер на едно тркало го загрозувал сообраќајот во Штип

/

пред 143 дена

Сподели преку :

СВР Штип го идентификуваше малолетникот кој управувал скутер на едно тркало и со опасното возење ја загрозувал безбедноста во сообраќајот.

Случајот беше откриен по видео објава споделена на социјалните мрежи, по што полицијата веднаш презела мерки за негово пронаоѓање.

Според информациите од МВР, станува збор за 15-годишник од Штип, кој на 11 мај околу 21 часот, на раскрсницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Борис Крајгер“, изведувал опасни маневри со скутер.

Притоа, против него е констатирано кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, како и повеќе сообраќајни прекршоци.

Од полицијата информираат дека малолетникот е пронајден и идентификуван, а против него ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Од МВР апелираат до граѓаните, особено младите, да се однесуваат одговорно во сообраќајот и да избегнуваат опасни дејствија кои можат да ја загрозат безбедноста на сите учесници на патиштата.