Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Моментот на експлозија на скутерот и убиството на рускиот генерал Кирилов

/

пред 671 дена

Сподели преку :

Безбедносната служба на Русија (ФСБ) соопшти дека 29-годишен маж од Узбекистан е притворен за убиството на високорангираниот генерал Игор Кирилов и неговиот помошник во центарот на Москва.

Генерал Полковник Игор Кирилов, началник на силите за радијациска, хемиска и биолошка заштита, излегувал од зграда рано наутро, кога експлозивна направа скриена во скутер била детонирана со далечински управувач. Нападот е снимен, а материјалот се споделува на социјалните мрежи.

Руската безбедносна служба објави дека сè уште неименуваниот осомнилен го регрутирала украинската разузнавачка служба, пренесуваат руските државни новински агенции.

Украинската безбедносна служба (СБУ) стои зад убиството, изјави украински извор за „Би-Би-Си“. Тој додаде дека Кирилов бил „легитимна мета“ и наведе оти сторил воени злосторства.

Узбекистанецот е осомничен за извршување на терористички чин и за време на испитувањето признал дека бил регрутиран од украинската специјална служба.