Роденденска прослава во училиште во Лондон се претвори во напад на група млади луѓе со ножеви,при што се повредени двајца тинејџери.
Полицијата уапси тројца тинејџери по инцидентот во основното училиште „Елм Парк“ во Хаверинг, во Есекс, што се случи во саботата навечер.
„Полицијата беше повикана нешто по 21 часот во саботата навечер поради тепачка на поголема група на млади. Кога пристигнале полицајците, неколку тинејџери биле агресивни кон нив. Тројца се уапсени поради напад“, рече портпаролот на полицијата.
Околу 50 млади луѓе влегоа во училишната сала околу 21 часот , што резултира со тепачки кои траеја до 23 часот.
Момчиња на возраст од 19, односно 16 години се хоспитализирани со повреди кои не се опасни по живот.
Last night, a school in Elm Park had a party, but the party stopped as a gang of youths with knives turned up. pic.twitter.com/6ncFs7MyXx
— London & UK Street News (@CrimeLdn) March 23, 2025











