Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Не успеавме да ги собориме балистичките ракети, немаме со што – Зеленски по масовниот руски напад врз Киев

/

пред 89 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи по масовниот руски напад ноќеска во кој загинаа најмалку 11 луѓе, а повеќе пд 70 се повредени. Тој отворено призна дека украинската противвоздушна одбрана овојпат немала шанси против дел од најмоќното руско оружје.

„Нашите војници денеска одработија добра работа во пресретнување на дронови и крстосувачки проектили, но, за жал, тоа не беше случај со руските балистички ракети. Причината е во недоволното снабдување со пресретнувачки проектили. Се додека ракетите за системот „Патриот“ стојат во магацините на нашите сојузници, Русија добива отворен повик да продолжи со „победување“ на станбените згради“, реагира Зеленски.

Русија во текот на ноќта лансираше арсенал од 68 проектили и дури 351 беспилотно летало по кои се регистрирани штети на повеќе од 10 локации во Киев.

(Видео) Загинаа 11 луѓе, 46 повредени во голем руски напад врз Киев – Русија соборила 519 украински дронови