Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Околу 50 загинати луѓе, над 200 повредени – голем руски напад врз Полтава, прогласена тридневна жалост

/

пред 778 дена

Сподели преку :

Четириесет и девет луѓе загинаа, а 219 се повредени во денешниот голем руски напад со балистичпки проектили врз Полтава, објави портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Дмитро Лазуткин.

По нападот се огласи украинскиот претседател Володимир Зеленски кој преку Икс (поранешен Твитер) порача дека Русите ќе одговараат за Полтава. Притоа, од Западот побара повеќе оружје за противвоздушна одбрана и упте побара западно оружје со долг дострел за гаќање на цели длабоко во Русија.

„Постојано говориме на сите во светот кои можат да го запрат овој терор – системи за противвоздушна одбрана и проектили се потребни во Украина, а не во некое складиште. Удар со долг дострел кои би можеле да нè заштитат од рускиот терор се потребни сега, а не подоцна. За жал, секој ден доцнење значи губење на животи. Русите дефинитивно ќе одговараат за овој напад“, напиша Зеленски на Икс.

Полтава е оддалечена околу 140 километри од руската граница. Русите и претходно го напаѓаа градот, но не како градовите и регионите во близина на источниот фронт, па затоа Полтава, во меѓувреме, стана привремен дом на многу бегалци.

Аеродромот во регионот на Полтава на мета на Русија чии власти притоа тврдеа дека уништиле воени авиони. Меѓутоа во денешниот напад, мета, како што јавуваат медиумите, бил самиот град. Проектили делумно уништиле зграда, пришто луѓе останале затрупани под урнатините.

Во Полтава е прогласена тридневна жалост.