Пет луѓе меѓу кои и дете ги загубија животите во голем пожар кој претпладнево изби во пансион во Романија, соопшти локалната полиција.
Екипи на Итната помош реагираа на дојава за пожар во селото Тохани, во округот Прахова, каде 26 лица престојуваа во пансион, информира генералниот Инспекторат за вонредни состојби.
Властите соопштија дека 18 луѓе успеале да побегнат од опожарената зграда од кои двајца се префрлени во болница на лекување од изгореници. Пожарот попладнево е изгаснат и во тек е истрага за причините за негово избувнување.
Погодена е површина од 1.000 метри квадратни.











