Локалните избори докажаа дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ имаат поддршка од народот. Ова е оценка на премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски кој зборуваше на одбележување на 23 октомври, денот на македонската револуционерна борба. Тој упати критика и до опозициските партии и до ДУИ.
„Опозицијата е во тежок изборен нокдаун“, рече премиерот Мицкоски во своето обраќање на свечената Академија „Од идеја до држава“ по повод денот на македонската револуционерна борба.











