Пожарот кој вчера утрото изби во станбена зграда во Чаир гореше до девет часот изутрина.
Сега надлежните треба да утврдат дали зградата е безбедна за живеење и дали по големиот пожар во кој поради вдишување на чад беа хоспитализирани 43 луѓе, може да се вратат во своите станови.
Од 12-те деца, две беа задржани во Детска клиника, од каде за Телма велат дека едно е веќе пуштено дома.
Од лице место за Телма известува Тамара Марковска











