Картонски кутии, гајби, ќеси полни со ѓубре… Ново обраќање на револтирани граѓани до редакцијата на telma.com.mk со видео материјали од преполни контејнери. Направени снимки доаѓаат од локација во Општина Аеродром.
Граѓаните се револтирани, бидејќи редовно плаќаат за услуга што нередовно ја добиваат. Дел од нив велат дека повеќе од три дена не забележале комунално возило да ги празни контејнерите и бараат од надлежните што поскоро ѓубрето да биде собрано.
С.Д.











