Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Приведени над 400 лица, повредени полицајци, оштетени возила, деловни објекти, автобуски станици – Париз во хаос по победата на ПСЖ во ЛШ

/

пред 126 дена

Сподели преку :

Победата на ПСЖ против Арсенал во финалето на фудбалската Лига на шампиони предизвика хаос во Париз. Над 400 лица се приведени во судирите меѓу навивачите на „светците“ и полицијата која употреби солзавез за растерување на топлата.

Илјадници полицајци беа ангажираниза спречување на инцидентите кои го нарушија автобускиот, железничкиот и јавниот превоз во „градот на светлината“. За време на прославата се употреби огномет и димни факели. Повредени се неколку полицајци.

Нереди во Париз имаше и по ланската победа на ПСЖ кои завршија со смртни последици. Тогаш загинаа две лица од кои едното беше 17-годишно момче.

Полицијата соопшти дека во инцидентите се оштетени шест автомобили, два деловни објекта како и автобуска постројка.

Осуда на насилствата дојде од поранешната претседателска кандидатка, Марин ле Пен.

„Само во Франција, победа на еден фудбалски клуб може да предизвика нереди. Само во Франција, сите чувствуваат потреба да се заклучат во своите домови во вечерта на победата за да избегнат насилство“, напиша Ле Пен на Икс.

Фудбалерите на ПСЖ попладнево се очекуваат во Париз. Најавено е нивно учество во победничка парада во близина на Ајфеловата кула, а ќе бидат примени и од францускиот претседател Емануел Макрон.