Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Расистички инцидент во францускиот парламент: Вратете се назад во Африка

/

пред 1430 дена

Сподели преку :

Расистички инцидент на седница на францускиот парламент. Пратеник од крајната десница довикна „вратете се назад во Африка“ додека неговиот црномурест колега Карлос Мартен Билонго говореше за имиграцијата.

Следуваше општа викотница, а голем дел од пратениците беа во шок, што може да се види и од снимките на социјалните мрежи.

Кога претседателката на парламентот ги праша членовите на Националното обединување „од каде дојде повикот, кој го рече тоа“, не доби одговор.

Грегоар де Фурнас, член на таа партија, подоцна призна дека тој довикнал и додаде дека неговата забелешка не се однесува лично на Билонго, туку на мигрантите кои се обидуваат по морски пат да стигнат до Европа.

Билонго возврати дека е роден во Франција и оти таквата забелешка е „срамна“.

„Денеска сè се сведе на бојата на мојата кожа. Роден сум во Франција и јас сум француски пратеник“, рече Билонго, член на левичарската партија „Непокорена Франција“.

Реагираше и премиерката Елизабет Борн која нагласи оти „нема место за расизам“.