Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Рубио се појави со исцртан крст од пепел на чело на гостување на ТВ

/

пред 592 дена

Сподели преку :

Американскиот државен секретар Марк Рубио, на денот Пепелница (Чиста среда) на кој христијаните го одбележуваат почетокот на велигденските пости, гостуваше на „Фокс њуз“ со крст на челото.

Христијанската традиција наложува свештено лице на Пепелница да ги посипува верниците со пепел по глава или со пепел да им исцрта крст на чело. Посипување со пепел во христијанската традиција означува покорност или подготвеност за нов живот.

Родителите на Марк Рубио емигрирале од Куба во САД во 1956 година, две години пред доаѓање на Фидел Кастро на власт во Хавана. Наскоро по доаѓањето се приклучиле на мормонската црква. Католичките медиуми во САД пишуваат дека подоцна ја напуштиле мормонската црква на барање на синот и се вратиле во католицизмот.

Рубио е крстен и се венчаше во Католичка црква, но подоцна со сопругата станаа членови на евангелистичка црква. Во годините што следуваа, како што вели, почнал да копнее по светата причест, па повторно се вратил во Католичката црква.

Рубио за време на гостувањето повтори дека Трамп сака да ја заврши војната во Украина.

„Имаме среќа и привилегија што имаме претседател кој сака, ако е можно, да ја заврши војната која чинеше милијарди долари, стотици илјади животи и уништување од кое на Украинците и другите ќе им требаат цела една генерација за да се опорават. Би било во интерес на сите, на украинскиот народ, на рускиот народ, на американскиот народ, на нашите европски партнери и сојузници, да се заврши ова. Но, постои само една личност која може да го направи тоа и нејзиното име е Доналд Трамп, претседател на САД“, рече Рубио.

Рубио во 2016 година, за време на предизборот во Републиканската партија, жестоко го нападна својот противкандидат Трамп, со критики дека нема доволно искуство во надворешната политика, го нарекуваше манипулант и го исмеваше за неговите „мали раце“.

Трамп му одговори со прекарот „Малиот Марко“ (Little Marco) и го исмеваше на секој чекор. Меѓудругото говореше дека носи премногу шминка, дека пие премногу вода и дека многу се поти.