Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Се нафрли врз патник кој се заканувал со бомба и го совлада – Македонец херој на лет од Лондон кон Глазгов

/

пред 447 дена

Сподели преку :

Скопјанецот Зоран Настевски, кој живее и работи во Англија, стана светски хит со храброста што ја демонстрира во авион на „Изиџет“ од аеродромот Лутон во Лондон кон Глазгов. Еден од патниците, враќајќи се од тоалет, почна да се заканува дека има бомба што ќе ја активира, извикувајќи „Алах Акбар“, „Смрт за Трамп“ и „Смрт за Америка“.

Видно вознемирен, Настевски станал од седиштето, додека останатите патниците ги фаќало паника, и се нафрлил врз сопатникот кој се заканувал дека ќе го разнесе авионот. Притоа успеал да го совлада и да го ставипод контрола, по што подоцна добил помош и од останатите. По слетување во Глазгов, шкотската полиција го привела насилниот патник, а видео од херојскиот потег на Настевски стана вирално на социјалните мрежи.