Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Се распадна Старшип на Маск по 10 минути од лансирањето, остатоците правеа проблеми во воздушниот сообраќај

/

пред 641 дена

Сподели преку :

Седмиот тест лет на Старшип, проект на компанијата СпејксИкс, заврши неуспешно, со губење на леталото по серијата на технички потешкотии. Леталото успешно се одвои од ракетниот засилувач Супер Хеви и ги придвижи своите шест мотори, но проблемите почнаа по пет минути од одвојувањето. Најпрво откажа еден од внатрешни мотори, а секунди подоцна се јавија дефекти и кај останатите.

До осмата минута од летото, речиси сите мотори престанаа со работа, па контролниот тим на СпејсИкс ја загуби можноста за управување со леталото. Потврдата дека Старшип е загубен дојде по 10 минути од лансирањето.

Флајтрадар24, специјализирана интернет платформа за следење на воздушниот сообраќај, објави на социјалните мрежи за пренасочување на авиони во подрачјето на уништување на Старшип. Социјалните мрежи се преплавени со објави за наводни остатоци од леталото кои паѓаат над Карибите.