Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Се распадна воз на метрото во Пекинг – над 500 повредени лица, 102 со скршеници

/

пред 1048 дена

Сподели преку :

Најмалку 102 лица се здобија со скршеници во несреќа за време на најголемата гужва во метрото во Пекинг. Несреќата се случила на надземен дел од пругата, кога два вагона, како последица на наноси од снег, се одвоиле од целината, соопштија властите. Лекарска помош побарале 515 луѓе од кои 102 со скршеници, пренесе државната телевизија ЦЦТВ.

До утрово, во 6 часот, на домашно лекување се пуштени 423 луѓе, 67 се задржани на лекување, а 25 на набљудување и не е забележан ниту еден смртне случај, објавија кинеските медиуми.

Прелиминарната истрага покажа дека причина за несреќата била снежното невреме кое предизвикало лизгава пруга, се наведува во медиумските извештаи.