Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Шест повредени лица, ветришта уриваа дрвја врз автомобили и шатори – силно невреме во Хрватска

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Истра и други делови од Јадранското Море во Хрватска ги погоди силно невреме кое беше проследено силни ветришта, обилни дождови и град кои предизвикаа значителна материјална штета, како на копно, така и во море, пишува порталот ИстраИн.

Најтешко се погодени Ровињ и централните делови на Истра, штети се забележани и во Пореч. Хрватските медиуми јавуваатза шест повредени лица од кои најголем дел настрадале во кампови во Ровињ, каде силните ветрови уривале дрвја врз автомобили и шатори.

Забележани се случаи на насукани јахти, блокирани сообраќајници, оштетени покриви на кучи и објекти. Во санацијата на последиците на терен биле ангажирани 50 пожарникари.