Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Симпатизерите на Ердоган славеа до доцна во ноќта – реакции на гласачите и поделеноста на Турција

/

пред 1240 дена

Сподели преку :

Поддржувачите на Реџеп Таип Ердоган славеа до доцна во ноќта, откако долгогодишниот претседател на Турција обезбеди нов петгодишен претседателски мандат. Ердоган освои 52 отсто од гласовите, а со речиси 48 отсто добиени гласови за опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу, Турција останува длабоко поделена земја.

Екипата на Телма, составена од Снежана Лупевска Созен, Огнен Чанчаревиќ и снимателот Фуат Сулејман е во Истанбул.

Жителите на Истанбул утринава со различни реакции по победата на Ердоган и освојувањето на третиот мандат. Гласачите беа поделени меѓу лојалноста кон Ердоган, кој владее две децении, и надежите за опозицискиот кандидат, кој вети дека ќе се врати на демократските норми, ќе усвои поконвенционални економски политики и ќе ги подобри врските со Западот.