Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Скокаа од три метри висина, бидејќи немаше мобилни скалила – несекојдневно симнување од авион на аеродром во Конго

/

пред 295 дена

Сподели преку :

Патници во авион на компанијата „Ер Конго“ (Air Congo) беа принудени да скокаат од висина од околу три метри за да излезат од леталото на аеродромот во Кинду на истокот на земјата. Причина за таквиот нивни потег беше немањето на никаква опрема за симнување.

Инцидентот се случил на 19 декември, кога авионот од типот Боинг 737-800 без проблеми слета во Кинду, по што патниците со часови останаа заробени во него поради немање на мобилни скалила, пренесува телевизија БМФ. Бидејќи времето на чекање беше прилично долго, дел од патниците ја отворија вратата од авионот и самоиницијативно почна да излегува, скокајќи од леталото.

На снимките што се раширија на социјалните мрежи се гледа дека аеродромскиот персонал и полицијата не реагираат, иако постапката на патниците е целосно спротивна на правилата на цивилното воздухопловство.