Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Со автомобил тргна во толпа демонстранти, полицијата го уапси, му пронајде дрога – драма на денешните протести во Сараево

/

пред 234 дена

Сподели преку :

Драма за време на денешните протести во Сараево за неодамнешното излетување на трамвај од шините и усмртувањето на едно лице. Во моментот кога демонстрантите стигнаа пред Алипашината џамија, маж со автомобил тргна кон топлата, пренесуваат медиумите во БиХ.

Според „Дневни аваз“, благодарние на брзата интервенција на полицијата била избегната трагедија. Возачот е уапсен и, како што наведува медиумот, кај него е пронајдена дрога.

Граѓаните на Сараево, предводени од средношколци и студенти, денеска протестираа шести ден, изразувајќи незадоволство од недоволната безбедност во сообраќајот, барајчи одговорност од надлежните институции и конректна реакција за трагичната трамвајска несреќа во која животот го загуби 23-годишно момче, а 17-годишна девојка беше тешко повредена.

С.Д.