Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Сојузникот на Трамп, Стив Бенон повика на борба, салутираше со десна рака и рече „амин“- Како нацистички поздрав го „препозна“ и францускиот ултра десничар Бардела

/

пред 605 дена

Сподели преку :

Видео на кое долгогодишниот сојузник на Трамп и новинар, Стив Бенон салутира со испружена десна рака за време на говор на Конференцијата на конзервативната политичка партија (CPAC) во Вашингтон стана вирално на социјалните мрежи и предизвика контроверзи бидејќи личеше на нацистички поздрав користен во Германија пред Втората светска Војна. Банон е второ блиско лице на Трамп, по Илон Маск на инаугурацијата, кој „отпоздрави“ фашистички при држење говор. И двајцата го претставија, во многу држави забранетиот поздрав, како дел од кореографија при говор.

„Единствен начин на кој тие победуваат е ако ние се повлечеме. А, ние нема да се повлечеме, нема да се предадеме, нема да се откажеме. Борба, борба, борба“ порача Бенон пред да салутира со десната рака. Потегот наиде на аплаузи од публиката, по што Бенон кимна со главата и рече „Амин“.

Поранешниот главен советник на Трамп со салутирањето предизвика големи контроверзи, бидејќи некои сметаат дека извел нацистички поздрав.

Жордан Бардела (29), лидер на француската десничарска партија „Национален собир“, го откажа својот говор на CPAC и го обвини Бенон дека со потегот „алудирал на нацистичка идеологија“. Тој требаше да одржи говор во кој ќе предупредуваше на многу проблеми – исклучително масовната миграција и полтичката цензура кои постојат и во Франција, а не само во САД.

На конференцијата на CPAC, големата конзервативна организација која го поддржува Трамп, вечерва говорник треба да биде и премиерот Христијан Мицкоски.