Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Сообраќајна несреќа во Србија: Четири загинати во судир меѓу комбе и патен валјак

/

пред 311 дена

Сподели преку :

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија, четири луѓе го загубија животот, според првичните информации, додека тројца се повредени. Трагедијата се случила кога патничко комбе удрило во работна машина – валјак, од причини кои сè уште не се познати, објави RTS.

Поради силината на ударот, комбето влегло под валјакот и било целосно згмечено. Бројни екипи за итни случаи, пожарникари и полиција веднаш биле испратени на местото на настанот.

Пожарникари ги извлекле мртвите и повредените од уништеното возило. Според неофицијални информации. Сите повредени се итно пренесени во болница.

Полицијата спроведува истрага за да ја утврди точната причина за оваа тешка несреќа.