Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Tаткото на Фросина порача: Направија друштво за надавање како аукциски куќи „Кој ќе плати повеќе мито тој добива“

/

пред 627 дена

Сподели преку :

Со транспаренти, обележја, младите, студентите и граѓаните  маршираат по скопските улици од институција до институција. По кобната несреќа во која животот го загуби дизајнерката Фросина Кулакова, бараат правда и промени во системот.

Tаткото на Фросина порача дека „Судии, обвинители, проценители и извршители направија друштво за надавање како аукциски куќи „Кој ќе плати повеќе мито, тој добива“.

Револтот го напишаа на транспаренти – „Безбедноста е право, не луксуз“, „Улиците не се тркачки патеки“, „Судии ослободете ја правдата“, пишува на некои од транспарентите. Маршот го предводат родителите и сестрата на Фросина, додека присутните носат црни маички на кои стои „Правда за Фросина“.