Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Тепачка во италијанскиот парлемент меѓу пратениците од власта и од опозицијата

/

пред 861 дена

Сподели преку :

Физичка пресметка во италијанскиот парламент за време на расправата за поголема регионална автономија.

Опозицијата остро се противи на тоа регионите да добијат поголема независност и моќ. Па дел од пратениците припадници на опозицијата ја пееја химната и ги извадија италијанските знамиња.

Ситуацијата ескалираше кога член на опозициското популистичкото „Движење пет ѕвезди“, Леонардо Доно се обиде да му го предаде знамето на еден од министрите, по што тој беше трунат на подот и дојде до масовно туркање меѓу парламентарците.

Никола Фратојани, еден од пратениците, за италијанските медиуми изјави дека Дон бил удрен неколку пати во главата, поради што паднал на земја. Потоа му се слошило и му била потребна интервенција на лекарите кои го однеле во инвалидска количка.

Повреден е еден член на обезбедувањето кој се обидел да интервенира за да го прекине конфликтот.