Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Термоцентралата „Трипилска“, извор на струја за Киев, Чекраси и Житомир, е целосно уништена – руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина

/

пред 924 дена

Сподели преку :

Русија во денешните напади целосно ја уништи термоцентрала „Трипилска“ во областа на Киев, соопшти шефот на надзорниот одбор на „Центренерго“, Андри Хота.

Сите вработени го преживеале ракетирањето на „Трипилска“ која е најголема термоелектрана во областа на Киев, а „Центренерго“ е најголем снабдувач со струја за областите Киев, Черкаси и Житомир.

Русија претпладнево изврши напади врз енергетската инфраструктура и во областите Харков, Запорожје и Лвов. Само во Харков без струја останаа повеќе од 200.000 корисници.

Покрај „Трипилска“, Русија на гаѓаше и термоцентралата во градот Суми, на северот на Украина. Во нападот, според украински официјални лица, биле користени наведувани бомби, но и дека нема жртви.