Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Тошковски за договорот со Емирати за користење на македонски возачки дозволи во Дубаи и Абу Даби

/

пред 689 дена

Сподели преку :

Македонските граѓани кои живеат во ОАЕ од сега нема да мора да ги заменуваат своите возачки дозволи и да полагаат дополнителни тестови.

Земјава потпиша меморандум за разбирање и меѓусебно признавање и замена на овие документи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој со своја делегација е во неколкудневна прва работна посета во Абу Даби на ниво на министри од осамостојувањето на земјава побара и да се разгледа можноста за укинување на визите за нашите граѓани со цел да се постигне поинтензивна туристичка, економска и културна соработка помеѓу двете земји.

Делегацијата на Министерството за внатрешни работи на Македонија ја посети и иновациската структура на МВР на ОАЕ, каде се запознаа со нивните напредни решенија во полицијата, кои се насочени кон подобрување на услугите за граѓаните.

За време на посетата со министерот за внатрешни работи на ОАЕ, шеикот Саиф бин Зајед ал Нахјан потпишан е и меморандум за безбедносната соработка и борбата против тероризмот, брза размена на информации за борба против корупцијата, организираниот криминал, како и трговијата со луѓе и мигранти.