Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Трамп: Венецуела е целосно опколена, наредив сеопфатна блокада на танкерите, ги чека шок каков не виделе досега

/

пред 295 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД целосно ја опколиле Венецуела и оти наредил сеопшта блокада на танкерите кои пловат кон или од земјата. Одлуката е донесена по прогласување на владата во Каракас за странска терористичка организација, обвинувајќи ја за кражба на американски имот, за тероризам, за криумчарење на дрога и трговија со луѓе, пишува „Би-Би-Си“.

„Венецуела е целосно опколена со најголемата војска што некогаш е собрана во Јужна Америка. Ќе биде сè поголема, а ги чека шок каков не виделе досега сè додека не го вратат на САД целото нафтено богатство, земја и останат имот што претходно го украдоа. Затоа, денеска наредувам целосна и сеопфатна блокада на сите санкционирани танкери кои влегуваат и излегуваат од Венецуела“, напиша Трамп во објавата на „Трут Сошл“.

„Нелегитимниот режим на Мадуро ја користи нафтата од тие украдени нафтени полиња за да се финансира себе, нарко-тероризмот, трговијата со луѓе, убиства и киднапирања. Поради кражба на нашиот имот и многу други причини, вклучително тероризам, криумчарење на дрога и трговија со луѓе, режимот во Венецуела е прогласен за странска терористичка организација“, додаде Трамп во објавата.