Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Убиени секретарка и советник на градоначалничката на Мексико Сити – заседа среде бел дел во центарот на градот

/

пред 515 дена

Сподели преку :

Двајца најблиски соработници на градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругаде се убиени среде бел ден во центарот на градот, откако влегле во заседа на напаѓач со мотоцикл, јавува „Ројтерс“. Жртви во нападот се Химена Гузман, секретарка на градоначалничката, и Хозе Муњоз, нејзин советник, потврдија градските власти.

Убиствата ја потресоа мексиканската престолнина која инаку се смета за една од ретките сигурни подрачја во земјата во која насилството бележи растечки тренд. Политички мотивираните напади се честа појава во многу делови на Мексико, каде десетици локални политичари и кандидати се убиени во ликвидации што, воглавно, се поврзуваат со наркокартелите кои се обидуваат да го прошират своето влијание.

Засега не е познат мотивот на нападот, но стручњаците за безбедност велат дека сè укажува на егзекуции во организација на картел.

„Станува збор за брутална порака упатена до Клара Бругаде, зад која без сомнеж стојат наркокартелите“, рече експертот за безбедност, Давид Сауседо.