Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Украинско „Фламинго“ удри директно во станбена зграда – леташе повеќе од 1.200 километри во руска територија

/

пред 153 дена

Сподели преку :

Украински дрон заврши во станбена зграда во Чебоксари, главен град на руската република Чувашија. Според извештаи на каналите Шот и Маш, избил пожар на шестиот кат пришто се оштетени најмалку осум станови.

Регистрирани се удари и на станбени згради и во улиците Ленинского Комсомол и Хузангај. Една од погодените згради во Ленинского Комсомол се наоѓа на само 350 метри од воената фабрика „ВНИР-Прогрес“ во која се произведуваат антени за дронови. Во нападите загина едно лице, а 12 се повредени. Станарите се евакуирани, а на терен се тимови на итните служби.

По украинските нападите, училиштата во Чувашија почнаа со настава на далечина, властите упатија апел до родителите да не ги носат децата во градинки, а затворија и дел од трговските центри.

Јавниот превоз во Чебоксари е во прекин на „неодредено време“, соопштија републичките власти кои упатија совет дограѓаните да останат мирни и доколку е можно да не ги напуштаат своите домови. Премиерот на Чувашија, Сергеј Артамонов рече дека се разгледува опцијата за воведување на вонредна состојба.

По украинските напади врз Чувашија се огласи и претседателот Володимир Зеленски.

„Нашите санкции со долг дострел и натаму претставуваат целосно оправдан одговор на руските напади. Синоќа, во рамки на операцијата „Длабок удар“ на Оружените сили, изведена се борбени лансирања на крстосувачки проектили Ф-5 Фламинго врз повеќе непријателски цели, вклучително и објекти на воено-индустрискиот комплекс во Чебоксари. Украинските Фламинга прелетаа над 1.500 километри. Фабриката која беше цел на нападот, произведува системи за релејна заштита, системи за автоматизација и нисконапонска опрема. Фабриката обезбедува навигациски компоненти за руската морнарица, за ракетната индустрија, за воздухопловството и за оклопните возила“, објави Зеленски.