Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Вода уништи хотел во Хонг Конг, десетици мртви на Тајван и на Филипините – супертајфун ја погоди Азија

/

пред 387 дена

Сподели преку :

Супертајфунот Рагаса, една од најсилните бури што ја погодиле Азија во последните години, денеска го удри Хонг Конг и јужниот брег на Кина, носејќи бранови повисоки од улично осветлување. Невремето го запре животот во регионот, откако зад себе остави смртоносно разорување на Тајван и на Филипините, каде загинаа најмалку 27 луѓе, пренесува АП њуз.

Во јужната кинеска провинција Гвангдонг евакуирани се, речиси, 1,9 милиони луѓе. Метеоролошката станица во градот Чуандао забележи ветар со брзина од 241 километар на час, што е најголемо од постоење на мерењата. Силниот ветар, според кинеската државна телевизија, корнеше дрвја и оштетуваше згради додела обилните дождови драстично ја намалија видливоста.

Поради најавеното движење на тајфунот кон запад, во прекин се неколку железнички линии во регионот Гвангџи. Кинеските власти издвоија десетици милиони долари за помош на погодените подрачја. Привремено се затворени училиштата и фабриките во десетици градови, а сообраќајот е во прекин.

Во болниците во Хонг Конг се згрижени 90 пациенти. Жителите утрово ги разбудија жестоки удари на ветар, а видео кое прикажува како вода навлегува во хотел и ја поплавува внатрешноста стана вирално на социјалните мрежи.