Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Загинаа 11 луѓе, 46 повредени во голем руски напад врз Киев – Русија соборила 519 украински дронови

/

пред 89 дена

Сподели преку :

Единаесет луѓе загинаа, а 46 се повредени од кои 27 се хоспитализирани во масовниот руски напад врз Киев напиша градоначалникот Виталиј Кличко на украинската престолнина на Телеграм.

Русија во текот на ноќта истрела 361 дрон и 68 проектили кон Украина, соопшти военото воздухопловство во Киев.

„Нашите единици соборија или неутрализираа 37 ракети и 326 дронови“, се вели во соопштението.

Активната во текот на ноќта беше и Украина. Руската противвоздушна одбрана собори 519 дронови  над региони во земјата. Во соопштението се наведува дека на мета биле Белгород, Псков, Новгородск, Бријанск, Курск, Јарославск, Вороњеш, Смоленск, Рјазањ и други.

Украински дронови биле соборени и над Ростов, Самара, Саратов, Волгоград, областа околу Ленинград и Краснодар.