Во водите на Охридското езеро денеска нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид го запалија василичарскиот оган, со што го најавија доаѓањето на Стара нова година.
Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите.











