Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Албански државјанин лишен од слобода – пронајдени 62 пакувања марихуана во неговото возило

/

пред 310 дена

Сподели преку :

Албански државјанин А.Т. на 46-годишна возрастод Поградец, Република Албанија, утрово околу 7 часот  бил лишен од слобода на магистралниот пат Струга – Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово.

Тој бил приведен од страна на полициски службеници од Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, откако при претрес на возилото што го управувал, „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, откриле три торби со 62 пакувања со марихуана.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е известен јавен обвинител, дрогата е одземена, а приведеното лице е задржано во полициска станица.

Откако целосно ќе биде документиран настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопштија од министерството за внатрешни работи.

Т.Д.