Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Арсовска физички нападната, како што вели пред очите на претставниците на МВР

/

пред 458 дена

Сподели преку :

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска била е нападната во скопската општина Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи.

„На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А. Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на улица Кумбара физички била нападната градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во Градската општа болница ГОБ ‘8 Септември’ за укажување лекарска помош“, соопшти МВР.

При излегувањето од ГОБ „8 Септември“ Арсовска изјави дека најпрво вербално, а потоа физички била нападната од лице кое претходно по телефон се јавувало и гласно кажувало што ќе и направи неа. Арсовска вели оваа дивоградба е пријавувана дваесетина пати поради приклучоци на диво и за вода и за струја. Навреди добиле и женските лица кои дошле со неа. Таа се пожали дека полицајците не реагирале соодветно.