Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Беџети: Кривичната е политички монтирана хајка со цел премиерот да го зголеми парламентарното мнозинство

/

пред 336 дена

Сподели преку :

Екс-градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, денеска на прес-конференција зборуваше за кривичната пријава поднесена против него и уште седум лица, откако вчера избегна да одговори на новинарски прашања.

Тој денеска тврди дека ова е политички монтирана и неправна хајка од премиерот Мицкоски против него со цел зголемување на мнозинството во парламентот.

Финансиската полиција ги сомничи дека тој со останатите осомничени го оштетиле буџетот за 1,7 милиони евра со тоа што овозможиле незаконска урбанизација и изградба на зграда без важечки урбанистички план и со лажни документи.

Фирмата „Азра Идриз“, сопственик на објектот, тврди дека за случајот дознала од медиумите и дека сè било легално.

Обвинителството веќе ја примило пријавата и ги проверува наводите.

Понатамошната постапка ќе зависи и од имунитетот на Беџети.

Финансиска го сомничи Беџети, поранешен градоначалник на Сарај, за дивоградба – тој обвинува за политичка позадина

Б.С.