Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Бесими: ДДВ-то за електричната енергија од први јануари ќе биде 10% проценти

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

ДДВ-то за електричната енергија од први јануари ќе биде 10% проценти, а не 5% како што беше намалено во мај годинава со одлука на Владата, рече во вечерашната Топ Тема на Телма, министерот за финансии, Фатмир Бесими. Во првото полугодие повластената стапка ќе биде 10% за прометот на електричната енергија кон домаќинствата.

Даночната реформа според Министерот Бесими ќе разгледа неколку модели но  се задржува на две нивоа –  да се вратат на ДДВ како што биле претходно одредени производи на кои во текот на  годините им се намалило ДДВ-то на 5% и во делот на персоналните даноци и придонесите кои во нив треба да се вметнат да нема едно решение, туку се работи за избор во однос на плаќањето, бидејќи висината на хонорарите се различни.