Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Давитковски: Владата можеше да го овласти премиерот и тој да ја потпише еврообврзницата

/

пред 1333 дена

Сподели преку :

Владата наместо да чека од Собранието да биде избран нов министер за правда за да го потпише мислењето за еврообврзницата можеше да го овласти премиерот Ковачевски да го стори тоа, објаснува универзитетскиот професор Борче Давитковски,во своето гостување во „Да си кажаме“ на Утринска на Телма.

  • Владата можеше да излезе од овој ќорсокак не мора да се чека, отприлика десетина дена, за да се избере нов министер. Првото прашање беше дали е констатирана оставката бидејќи за оставка не се дискутира, туку се констатира, под претпоставка дека и заменикот дал оставка и таа ако е констатирана, тогаш Министерството за правда нема министер, нема овластен потпишувач, но владата можела веднаш на седница на влада да го овласти премиерот и премиерот може во секое време да си ја потпише еврообврзницата, затоа што е старешина на администрацијата. На пример, во Фрација дури и во Уставот пишува дека премиерот е старешина на целокупната администрација, објасни професорот Давитковски.