Силна експлозија предизвикана од истекување на гас во осумкатна станбена зграда во романската престолнина Букурешт, при што загинаа најмалку две лица, а повеќе други се повредени.
Од експлозијата дел од зградата е целосно уништен. Во согласност со сериозноста на ситуацијата, активиран е црвениот алармен протокол, што значи мобилизација на дополнителни служби за итна интервенција. Пожарникарите и спасувачките екипи сè уште се на терен и вршат проценка на штетата.
T.Д.











