Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Ѕвездата на филмот „Коса“, актерот Трит Вилијамс, загина во сообраќајна несреќа во Вермонт

/

пред 1212 дена

Сподели преку :

Ѕвездата на филмот „Коса“, актерот Трит Вилијамс, загина во сообраќајна несреќа во Вермонт. Имаше 71 година.

Вилијамс,  не можел да го избегне судирот со теренското возило кое свртувало на паркингот и паднал од својот мотор. Со здобиени сериозни повреди со хеликоптер бил пренесен во Медицинскиот центар во Албани, Њујорк, каде што била констатирана неговата смрт.

Полицијата соопшти дека Вилијамс носел кацига.

Возачот на теренското возило се здобил со полесни повреди и не бил примен во болница. Истрагата за несреќата продолжува, соопшти полицијата.

Вилијамс, чие целосно име е Ричард Трет Вилијамс, живеел во Манчестер Центар, јужен Вермонт, соопшти полицијата. Неговиот агент ја потврди смртта на актерот.

Вилијамс ја започна својата филмска кариера во 1975 година како полицаец во филмот „Смртоносен херој“, а подоцна се појави во повеќе од 120 филмски и телевизиски улоги, вклучувајќи ги „Орелот слета“, „Принцот од градот“ и „Беше еднаш во Америка“.