Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Филмски грабеж на банка во Неапол

/

пред 171 дена

Сподели преку :

Неколку вооружени лица извршиле филмски грабеж на банка во италијанскиот град Неапол. Според италијанските медиуми, ограбувачите, кои носеле маски на познати филмски актери, вчера околу пладне влегле во филијала на банката Кредит Агриколе во Неапол, земајќи ги во заложништво сите 25 лица кои во моментот биле внатре.

Италијанската полиција неколку часови преговарала со нив за ослободување на заложниците, но тоа само им дало време на ограбувачите да ги испразнат сефовите.

Холивудскиот грабеж и заложничка драма завршил со бегање на ограбувачите кои направиле дупка во подот на банката и избегале преку канализацијата.