Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Каневчев: Поим немав дека Акиф Равманоски бил шеф на некаков клан

/

пред 733 дена

Сподели преку :

„Поима немав дека, јас барем и сите други тврдам, дека тој бил некаков шеф на некаков клан и се решивме за првостепената пресуда на Основниот кривичен суд, односно нашиот предлог да биде идентичен со тој на првостепениот суд“, изјави за Телма Методија Каневчев, претседателот на Комисијата за помилување.

Телма објави дека Акиф Равманоски, помилуваниот припадник на нарко кланот „Барон“денеска излезе од Идризово  со документот дека е помилуван, но обивнителството бара притвор за него поради истрага за убиство во обид, од пред 10 дена во Чаир.

Каневчев во изјава за Телма објаснува врз основа на што ја донела одлуката за негово помилување Комисијата за помилување. Тој вели дека најспорен е Акиф Равманоски, за чиј педлог за помилување се воделе од првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, која била условна, но потоа била заменета со ефективен затвор од страна на Апелацискиот суд.

  • „Тој е осуден за поседување оружје на ефективна казна затвор од една година и три месеци. Дома му е најден пиштол со пет проектили, не знам дали биле во шаржер или во самото оружје. Ние се раководевме од околноста што првостепената пресуда, значи пресудата на Основниот кривичен суд била условна осуда, утврдена казна од две години, со рок на проверување пет години. Апелацискиот суд ја преиначува пресудата во делот на казната и се решава за ефективна казна, тоа е онаа казна од една година и три месеци. Ние го разгледавме случајот и заклучивме тој се однесувал пристојно во затворот, не бил дисциплински казнуван, дека е со високо образование, дека е женет, дека има семејство. Поима немав дека, јас барем и сите други тврдам, дека тој бил некаков шеф на некаков клан и се решивме за првостепената пресуда на Основниот кривичен суд, односно нашиот предлог да биде идентичен со тој на првостепениот суд“, рече претседателот на Комисијата за помилување.

На прашањето на Телма дали го проверуваат профилот на лицата кои се на список за помилување, професорот рече членовите на комисијата ги добиваат сите документи од Министерството за правда во молбите на сите осудени лица и сите детали.

  • „Нашиот предлог во претседателката беше таа ефективна казна да се услови, бидејќи кога се работи за помилување не може пет години рок на проверување, минималниот рок е три. Според тоа овде се работи за замена на една кривична санкција со друга“, рече Каневчев.