Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Напади со дронoви врз Москва, двајца повредени, неколку летала биле соборени

/

пред 1239 дена

Сподели преку :

Украинските безбедносни сили употребиле осум беспилотни летала за напад на Москва и сите беспилотни летала биле погодени, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Во нападот учествуваа осум дронови. Сите непријателски беспилотни летала беа погодени“, се вели во соопштението.

Инцидентот беше наречен „терористички напад“.

Во Москва две лица побарале медицинска помош по нападот со дрон, изјави денеска градоначалникот Сергеј Собјанин. Тој додаде дека повредите биле такви што не барале хоспитализација, пренесува Интерфакс. Собјанин изјави дека итните служби продолжуваат да работат на терен.

Претходно, Собјанин изјави дека рано утринава напад со дрон врз Москва предизвикал мала штета на неколку згради.

Андреј Воробјов, гувернер на Московската област, на комуникациската платформа „Телеграм“ изјави дека неколку дронови биле соборени додека се приближувале до Москва, пишува „Гардијан“.

 

Во текот на ноќта, Русија соопшти дека нејзината војска ги погодила украинските воздушни бази, а украинските сили гранатирале индустриски капацитети во Русија во моменти кога двете страни бараат предност пред она што Киев се надева дека ќе биде одлучувачка контраофанзива.

Руската државна новинска агенција РИА го цитираше Министерството за одбрана дека се погодени повеќе воздушни бази.

Од Украина нема потврда за ваквите наводи. Руските напади врз Киев зачестија што пак ги примораа жителите на главниот град на Украина повторно засолниште да бараат во метро станиците, додека Украина, вооружена со ново западно оружје, подготвува притисок да се обиде да ја врати територијата што Русија ја зазеде од почетокот на војната.