Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Пукнатина во земјата со процеп широк едeн метaр во Липково – активирана е фосилна карпеста плоча, велат од Геолошкиот институт

/

пред 318 дена

Сподели преку :

Свлечиштето во Липково продолжува неконтролирано да се шири, дел од жителите се евакуирани.

Како што објавува ТВ21, дека иако е формиран кризен штаб за утврдување на причините за свлечиштето, жителите инсистираат институциите итно да преземат мерки за запирање на ерозијата на ридот, пред да дојде до поголема катастрофа.

Од Општина Липково информираат дека се чека пристигнување на експерти од Сеизмолошката опсерваторија, кои треба да го утврдат типот на карпата и можните ризици поврзани со подземните води. Од таму додаваат дека погоденото подрачје никогаш не било предвидено за градба, што дополнително ја усложнува состојбата.

Инспекцискиот извештај од 2 декември на Геолошкиот институт покажува дека по многу години повторно се активирала фосилна карпеста плоча, при што се појавиле пукнатини широки од 20 сантиметри до 1 метар, длабоки 4–5 метри и долги 100–150 метри.

Во документот се наведува дека активирањето на пукнатината е поттикнато од неодамнешните обилни врнежи, што сериозно ја нарушува стабилноста на теренот.

Институтот препорачува изведба на каскадна ерозија, отворање три геолошки дупки за утврдување на типот и количината на лизганата карпа, како и преземање итни мерки за стабилизација и санација на подрачјето.

Свлечиште во Шипковица: Четири куќи во опасност, мештаните бараат потпорни ѕидови

Б.С.