Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Ристов остана без судски имунитет – се чека од Кривичен да му одредат притвор

/

пред 257 дена

Сподели преку :

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на осомничениот судија Ѓоко Ристов кој во моментов е на судија на претходна постапка кој одлучува за мерките кои ги побара ОЈО ГОКК.

Откако на Ристов му беше одземен имунитетот тој се упати кон Кривичниот суд каде допрва ќе се носи одлука дали судијата ќе оди во куќен притвор и ќе му биде одземен пасошот.

Ристов од средата 14 јануари земал боледување и не одел на работа во Апелациониот суд. Илјадиниците евра кои беа пронајдени се наоѓале во празен простор зад ѕид од цигли врз кои имало и плочки. Истрагата е отворена на средината на декември, по апсењето на адвокатот и поранешен државен правобранител Фехми Стафа кој како бранител на бегалецот Љупчо Пецов Ѓаволот му зел 50.000 евра за да му „среди“ и подмити апелационен судија за замена на затворскиот притвор со домашен.