Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Студентскиот дом во Охрид како во хорор филм – без струја и греење над 12 часа, нема топла вода, а за вечера јогурт и говедски нарезок

/

пред 246 дена

Сподели преку :

Најверојатно е дека вечерва ќе останат без греење студентите кои веќе 12 часа се без струја, а  престојуваат во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид објави Студентарија.

Според видеото како во хорор филм, со свеќи во раце студентите се движат во целосна темнина низ домот. Засега се уште нема информации кога ќе биде пуштена струја, а студентите во коментарите на објавата негодуваат дека во сред зима додека другите се возат со луксузни автомобили и јадат по скапи ресторани, студентите се во последен план.

Струја нема уште утрово во 10 часот, а според студентите прекини има во целиот дом, и дека наводно причината е поради неплатени сметки. Тие раскажале и дека системот за парно греење во моментот не бил во функија, па тие биле приморани да се греат на електрични греалки кои требало да си ги носат од дома. Дополнително немале ни топла вода, а во мензата за вечера добиле јогурт, паштета и говедски нарезок.

Претходно имаше и жалби и поплаки од студенти кои престојуваат во другите студентски домови во државата, а проблемите беа поради супстандардните услови кои ги нудат овие државни установи. Проблемите беа од глувци, влага во тоалетите, до несоодветна храна, и нефункионалност на лифтовите.

Од студентските организации се уште не се огласија за проблемот со кој се соочуваат студентите во Охрид. Инаку за оваа година за разлика од претходната буџетот за студентскиот стандард е намален за дури 7,3 милиони евра, со што оваа година изнесува многу помалку, додека пак студентските домови во Скопје кои се најавуваа дека ќе завршат со реновирање се уште не се отворени.

Теа Димковска

 

Некои студенти ги продаваат ваучерите за електронски уреди, додека други се уште ги чекаат – Јаневска остава на совеста на студентите, бидејќи министерството со тоа не може да се справи

Глувци во „Пелагонија“, расипани лифтови во „Гоце Делчев“ – студентите реагираат на условите

Предвиденото отворање на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе се пролонгира за наредната година