Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Утре во 11 часот блокада на Владата од 21 човек- ССМ бара минималец од 600 евра

/

пред 233 дена

Сподели преку :

Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува со серијата блокади на институциите во насока на нивното барање за покачување на минималната плата на 600 евра и линеарно зголемување на сите плати за 6 илјади денари.

За утре најавена е блокада на Владата откако претходнава недела го блокираа Собранието и Стопанските комори.

Велат дека ќе дојдат 21 затоа што тоа е законскиот минимум за да се блокира, тие не се откажуваат од барањата бидејќи како што велат стандардот на граѓаните не може да ја издржи скапотијата.

Б.С.